Временска прогноза
Сончево време со мала до умерена локална облачност
08.07.2023 08:38
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје сончево време со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој од пладневните часови ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степен.
