Влада

Вицепремиерот Битиќи ќе врши увид на градежните работи на новиот мост на реката Драгор во Битола

08.07.2023 09:03

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска во Битола ќе врши увид на градежните работи на новиот мост на реката Драгор, за кој беа одвоени над 815 илјади евра од ТАВ програмата...

Како што соопштуваат од владината прес-служба, заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој престојува во Пелагонискиот регион каде посетува компании поддржани преку Законот за Финансиска поддршка на Инвестиции (ЗФПИ), денеска во Битола ќе врши увид на градежните работи на новиот мост на реката Драгор, за кој беа одвоени над 815 илјади евра од ТАВ програмата.