ММФ ја завршува посетата на Македонија

19.05.2014 09:18

Тема на разговорите што Мисијата ги имаше со надлежните во земјата од 6 мај беше Пост-програм мониторинг...

Мисијата на Меѓунaродниот монетарен фонд  (ММФ) денеска ја завршува посетата на Македонија.

Генералната оценка за кондицијата на стопанството и за економските перформанси на земјата ќе ја соопшти шефицата на мисијата Ивана Владкова Холар, на прес конференција зедно со министерот за финансии, Зоран Ставрески.

Тема на разговорите што Мисијата ги имаше со надлежните во земјата од 6 мај беше Пост-програм мониторинг (ППМ). Консултациите по членот 4 од оваа програма се редовна проверка која се врши кај сите земји членки што се приклучуваат на ММФ.

Процесот на Пост-програм мониторинг (ППМ) е наменет за земји членки кои имаат значителна преостаната обврска кон Фондот по истекот на нивните аранжмани.