ГРЦИЈА
Вечерва гласање за доверба на новата грчка Влада на Мицотакис
08.07.2023 09:46
Гласањето ќе биде јавно, а според досега изнесените јавни ставови на опозициските партии, грчката Влада ќе добие доверба само од пратениците на Нова демократија.

Грчките пратеници вечерва ќе гласаат за доверба на новата Влада, на крајот од тридневната расправа. На гласањето ќе му претходи обраќање на премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис. Гласањето ќе биде јавно, а според досега изнесените јавни ставови на опозициските партии, грчката Влада ќе добие доверба само од пратениците на Нова демократија.
Грчкиот Парламент го сочинуваат 300 пратеници од осум партии, а Нова демократија со освоени 158 пратенички места го има неопходното парламентарно мнозинство од минимум 151 пратеник.
