ХОЛАНДИЈА

Падна холандската Влада на премиерот Руте поради несогласувања за миграцијата

08.07.2023 09:50

Конзервативната партија ВВД се обидуваше да го ограничи бројот баратели на азил, откако минатата година имаше несогласувања околу преполните мигрантски центри...

Падна холандската Влада поради несогласувања помеѓу коалициските партнери околу политиките за азил. Конзервативната партија ВВД се обидуваше да го ограничи бројот баратели на азил, откако минатата година имаше несогласувања околу преполните мигрантски центри. Владата успеа да истера една и пол година од четиригодишниот мандат.

Најверојатно предвремени избори ќе се одржат во ноември. 56-годишниот Руте е најдолговечниот премиерот на Холандија и е на позицијата од 2010 година. Актуелната влада е негова четврта.