мвр

Приведено лице од тетовско за издржување на затворска казна

08.07.2023 14:34

Лицето било барано по издадена судска наредба, затоа што е осуден на казна затвор во траење од една година и шест месеци, поради сторено кривично дело казниво по чл. 300 од Кривичниот законик...

Вчера во 09.40 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода А.К.(36) од с. Глоѓи, тетовско. Тој бил баран по издадена судска наредба, затоа што е осуден на казна затвор во траење од една година и шест месеци, поради сторено кривично дело казниво по чл. 300 од Кривичниот законик.

Лицето е приведено и спроведено во Казнено поправна установа Затвор – Тетово за издржување на казната, информираат од МВР.