Сообраќај
МВР: 64 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица
08.07.2023 15:14
Се апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, информираат од МВР...

Вчера во периодот од 15.00 до 21.00 часот на подрачје на СВР Струмица била спроведена засилена контрола над возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.
Притоа биле констатирани 64 прекршувања на ограничувањата за брзина, од кои 20 на подрачје на Струмица, 16 на подрачје на Гевгелија, 15 на подрачје на Валандово и 13 на подрачје на Радовиш. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.
Се апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, информираат од МВР.
