Евакуацијата во Обреновац продолжува
19.05.2014 09:22
Во центарот на Обреновац секојдневно пристигнува помош во намирници, како и за заштита од поплави...

Нивото на водата во Обреновац опаѓа, а евакуацијата на населението продолжува, изјави изутринава началникот на оперативниот градски центар за вонредни ситуации, Александар Марсениќ.
Во центарот на Обреновац секојдневно пристигнува помош во намирници, како и за заштита од поплави. Евакуацијата трае од минута во минута, се обидуваме на народот да му помогнеме што е можно повеќе, истакна Марсениќ.
Тој апелираше до жителите на Обреновац, кои останале во своите домови да не излегуваат од куќите се додека не пристигне помош за да ги евакуира.
Марсениќ додаде дека екипите за дезинфекција за на терен.
