РОМАНИЈА

Невреме во Романија

08.07.2023 16:45

Невремето проследено со силен ветер откорна неколку дрвја по што сообраќајот беше во прекин...

Силно невреме ја зафати Романија. На северот од земјата поплавени се стотици домаќинства од неколку села, На североисток, поројниот дожд ги претвори улиците во езера и поплави неколку патни премини. Невремето проследено со силен ветер откорна неколку дрвја по што сообраќајот беше во прекин.

Метеоролозите велат дека силниот ветер и атмосферска нестабилност ќе се задржи до утре наутро.