ИРАН

Екстремисти нападнаа полициска станица во Иран

08.07.2023 17:34

Убиени се двајца претставници на безбедносни сили...

Екстремисти нападнаа полициска станица во југоисточен Иран на околу 30 километри од границата со Пакистан. Убиени се двајца претставници на безбедносни сили. Иранска Револуционерна гарда соопшти дека четворица милитанти се убиени. Екстремистите на себе носеле експлозивни појаси, а двајца од нив и го активирале експлозивот.
 
Претходно, двајца мажи осудени за вмешаност во нападот на шиитското светилиште беа јавно егзекутирани. Во нападот на светилиштето на 26-ти октомври минатата година беа убиени 13, а ранети 30. За нападот одговорноста ја презеде Исламска држава.