Седница на Централниот одбор на СДСМ
На седницата заклучено дека европската интеграција треба да биде обврска на секоја политичка партија и затоа, сите парламентарни групи и пратеници коишто иднината на земјава ја гледаат во Европската унија, треба да ги поддржат уставните измени...

Централниот одбор на СДСМ денеска одржа онлајн седница. Заклучено дека европската интеграција треба да биде обврска на секоја политичка партија и затоа, сите парламентарни групи и пратеници коишто иднината на земјава ја гледаат во Европската унија, треба да ги поддржат уставните измени. Амандманите во следниве две недели ќе бидат разгледани на Влада, објавени и пратени во Собрание.
Според СДСМ, скрининг процесот се одвива добро и успешно ќе финишира. На состанокот разгледана и економската ситуација. Оценето дека едноцифрената стапка на инфлација од 9 проценти е знак дека мерките и политиките даваат резултати. Социјалдемократите констатирале дека за рудникот „Иловица“ е потребно да се организира референдум. Партијата избрала и нов организациски секретар.
