Дојран

Со грант од Словенија ќе се градат еко пречистителни станици во Црничани и Фурка во Дојран

09.07.2023 14:31

Со грантот од 1,3 милиони евра што Општина Дојран го доби ќе се градат и природни пречистителни станици во населените места Црничани и Фурка како дел од проектите за заштита на Дојранското Езеро. Претставници на словенскиот Институт за меѓународна соработка беа во Општината за да ги дефинираат работите на терен …

Претставници од словенскиот Институт за меѓународна соработка беа во посета на Општина Дојран за да ги дефинираат работите околу реализацијата на проектот за заштита на Дојранското Езеро. Словенија одобри милион и илјади евра за реализација проекти кои ќе придонесат да се намали загадувањето на Езерото а кои треба да завршат до крајот на 2025-та година.

„Драго ми е што ќе финансираме проект во Општина Дојран. Морам да признаа дека е добро подготвен. Дојдовме за да видиме како ќе се реализира кој треба да заврши до крајот на 2025 година“, изјави Дејан Прешичек од Институт за меѓународна соработка на Словенија.

Парите од Словенците ќе бидат наменети за големата пречистителна станица во Дојран но и за изградба на помали еколошки во Црничани и Фурка-информираше градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.

Инаку Општина Дојран освен од Словенците за заштита на Дојранското Езеро доби и од Владата која на посебна наменска сметка префрли 135 милиони денари кои ќе се искористат за реконструкција на колекторската мрежа и нова пречистителна станица.

 

Ване Трајков