Велес

Опаѓа бројот на деца од Велес кои живеат во ризик

09.07.2023 09:06

По завршувањето на пандемијата од Ковид-19, во Велес се намалува бројот на деца кои живеат во социјален ризик. Се намалува бројот на децата жртви на кривични дела, но и деца сторители на кривични дела …

Опаѓа бројот на деца кои живеат во ризик и деца кои се жртви на кривични дела, покажува анализата на општинскиот совет за превенција на детското престапништво во Велес. Така бројките за деца кои биле во ризик лани е 214 додека 2021-ва имало 314 деца. Кога се зборува за деца во ризик, тоа се деца жртви на семејно насилство, деца чиј родител не плаќа алиментација, дете во семејство каде има проблеми, деца чии родители се разведуваат, дете кое има проблеми со видување со едниот од родителите по разводот, кој е и најчест проблем.

Лани статистиката покажала дека имало 16 деца во велешко жртви на кривични дела, педофилија, трговија со дете, семејно насилство, што е двојно помалку од 2021-ва кога биле регистрирани 32. Во анализата е опфатена уште една категорија, тоа се деца сторители на кривични дела, кои во велешко во 2022-ра биле 11 а сториле шест кривични дела, додека една година претходно биле 16 деца.

Изјава менче андреева претседател на советот за превенција од детско престапништво

Деца во ризик кон кои Центарот применил мерка на помош лани биле 125, од нив 35 се повторници. За децата кои живеат во ризик, најчесто алармирало МВР, потоа судот, па училиштето, обвинителството. Но во ниту еден случај дете не пријавило дека живее во ризик.

 

Петар Печков