Прилеп: Институтот за старословенска култура со два големи проекта
Институтот за старословенска култура од Прилеп, единствен од ваков вид во земјава годинава го завршува големиот тригодишен проект за средновековните населби во Пелагонија, Мариово и Поречието. Богатото културно наследство преку публикација ќе и биде претставено на домашната но и на странската јавност. На „Трескавец“, пак продолжуваат археолошките истражувања а ќе се прави и основен конзерваторски проект …

Цркви, манастири, средновековни населби. Истражени од археолошки, етнолошки, историски, лингвистички и од аспект на историјата на уметноста. Институтот за старословенска култура годинава го завршува тригодишниот проект за „средновековните населби во Пелагонија, Мариово и Поречието“. Богатото културно наследство од овие региони, со систематизацијата што е во тек, ќе ја добие комплетната потврда на бесценетоста и ќе биде претставено пред домашната и странска јавност.
Институтот годинава ги продолжува археолошките истражувања на „Трескавец“ за античката населба „Колобаиса“. Ќе стигне и основниот конзерваторски проект.
Институтот за старословенска култура стопанисува со комплексот „Маркови кули“ кој 2006 година беше прогласен за заштитена природна реткост и е на привремената листа на УНЕСКО.
Елизабета Митреска
