Грција
Мицотакис го помина гласањето доверба во Парламентот
08.07.2023 22:07
Мицотакис го доби апсолутното мнозинство, односно сите 158 гласови од пратениците на „Нова демократија“, додека останатите 142 гласаа против...

По тридневна расправа Владата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го помина гласањето доверба во Парламентот. Мицотакис го доби апсолутното мнозинство, односно сите 158 гласови од пратениците на „Нова демократија“, додека останатите 142 гласаа против.
„Нова демократија“ победи на парламентарните избори во Грција на 25-ти јуни со 40,56 насто од гласовите и доби 158 пратеници за формирање Влада.
