Временска прогноза

Сончево и ветровито време

09.07.2023 08:29

Минималната температура ќе биде од 9 до 19, а максималната од 25 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 9...

Времето денеска ќе биде претежно сончево со умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде од 9 до 19, а максималната од 25 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево време со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.