САД

Се вжештува трката за претседател на САД

09.07.2023 09:55

Поранешниот претседател Доналд Трамп од Лас Вегас со обвинувања до актуелниот американски претседател дека е корумпиран и оти презема милиони долари од земји како Кина и Украина...

Се вжештува претседателската кампања во САД. Поранешниот претседател Доналд Трамп од Лас Вегас со обвинувања до актуелниот американски претседател дека е корумпиран и оти презема милиони долари од земји како Кина и Украина.

„Сега веќе не можеме да бидеме љубезни затоа што ракавиците се извадени. Тој зеде милиони долари од други земји, како Кина. Тој е целосно компромитиран. Во историјата, никогаш немало ваков скандал“, изјави Доналд Џ. Трамп, кандидат за претседател на САД.

Трамп, исто така, го нападна ривалот на Републиканската партија, Рон Де Сантис, велејќи пред толпата во Невада дека гувернерот на Флорида гласал за финансирање на планината Јука како депонија за нуклеарен отпад.