Оризот во кочанско се суши, земјоделците бараат стручна помош од надлежното министерство
Половина од планираниот род на оризот е неизвесен, откако посевите почнаа да се сушат од коренот. Земјоделците бараат помош од агрономите како да го спасат оризот, кој годинава е застапен на околу три илјади хектари во кочанско …

Оризот во кочанско се суши во коренот, земјоделците се загрижени и веќе ги пресметуваат загубите. Бараат помош од Институтот за ориз и надлежното министерство да излезат на терен и да предложат решение на проблемот.
Според теренските испитувања на поранешниот декан на Земјоделскиот факултет при УГД, причина за оваа состојба на оризот е инсект кој прво ги напаѓа листовите, а потоа и коренот на оризот.
Според професорот Каров, оризопроизводителите во обид да произведат повеќе, големи штети прават со употребата на несоодветни хербициди, но и со одгледување сорти кои не се регистрирани кај нас. Во последните десеттина години оризова арпа се увезува од Италија и Турција, се користи како семенски материјал, но ваквата пракса на голем ризик од болести ги изложува посевите во кочанско.
Славица Величковска
