Казни за винарниците кои не ги исплатиле лозарите

19.05.2014 09:31

Казни за винарниците кои не ги исплатиле лозарите за ланскиот откуп. 5 од 80 винарии ќе треба да докажат дека немаат долг кон земјоделците или ќе им бидат одземени лиценците...

На пет од осумдесет винарски визби им се заканува опасност да оостанат без линценца.

 
Тие веќе имаат префрлено 50 до 70 проценти од средствата што ги должат на лозарите од ланската реколта. Само една има поголем долг од еден и пол милион, додека другите до 7 илјади евра. 
 
Откупувачите по крајниот рок  на 30 април на лозарите треба да им платат камата,  и плус уште 10 проценти од парите што ги должат како глоба во државниот буџет.
 
Доколку се докаже дека каматите се исплатени, лиценцата нема да биде одземена.
 
 
 
Методија Трајков