мвр
51 санкционирани возачи под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола
09.07.2023 11:20
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови...

Во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00-05.00 часот, на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 51 возач. За време на контролата биле санкционирани и 47 други видови прекршоци.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.
