БИТОЛА

Универзитетска летна пракса за студентите на УКЛО

09.07.2023 14:51

Деновиве започна реализацијата на заедничкиот проект на Општина Битола и „УКЛО“- Универзитетска летна пракса. На работните места во општинската зграда и претпријатијата во надлежност на локалната самоуправа се првите 14 од вкупно 36 студенти кои етапно до крајот на септември ќе ја минат својата практична работа на работните места кои одговараат на нивните студиски програми. Освен што ќе се стекнат со ново искуство тие ќе добијат и паричен надоместок од 10.000 денари...

Досега стекнатата теоретска наобразба на 36 студенти на „УКЛО“ на летен испит пред локалната пракса. Студентката од Правниот факултет Христина Гарабијевиќ е дел од првата група 14 практиканти. Таа е распределена на работна задача во општината во Секторот човекови ресурси. Вели дел од задачите ми се познати како резултат на теоријата но праксата е нов предизвик кој многу ќе значи по враќањето во амфитеатрите.

„Универзитетската летна пракса“ е прв ваков проект кој е голема можност и за идните академски граѓани за да во својата струка соберат искуства а за нас можност некој од нив да бидат и наши вработени, вели градоначалникот Коњановски.

Освен во Општината тие ќе бидат распоредени и во локалните јавни претпријатија. Согласно со договорите практикантите имаат обврска работните задачи да ги извршуваат одговорно а за тоа за еден календарски месец добиваат паричен надоместок од 10.000 денари како и осигурување од повреда при работа.

 

Стевче Митревски