СУДАН

Гутереш го осуди бомбардирањето во Судан во кое загинаа најмалку 22 лица

09.07.2023 11:45

Според Гутереш, целосно се кршат хуманитарните и човековите права, на опасен и вознемирувачки начин...

Генералниот секретар на Обединетите Нации го осуди вчерашниот воздушен напад во Судан во кој загинаа најмалку 22 лица. Според Гутереш, целосно се кршат хуманитарните и човековите права, на опасен и вознемирувачки начин. Уште еднаш апелираше да запрат борбите, а двете страни во конфликтот да се посветат на траен прекин на непријателствата.

Според здравствените власти, вчерашниот напад е еден од најсмртоносните досега во тримесечните борби меѓу ривалските генерали.