ИЗРАЕЛ

Израелскиот премиер Нетанјаху им се закани на палестинските милитанти

09.07.2023 13:44

Според него, секој што убива Израелци, секој што ќе изврши акти на терор, ќе заврши или во затвор или погребан...

Израелската влада ќе продолжи да зазема цврст став против палестинските милитанти, вели премиерот Бенјамин Нетанјаху на состанокот со неговиот кабинет во Ерусалим. Според него, секој што убива Израелци, секој што ќе изврши акти на терор, ќе заврши или во затвор или погребан.

Во четвртокот, милитант на Хамас отвори оган во близина на израелска населба на окупираниот Западен Брег, убивајќи израелски војник, еден ден откако израелските сили се повлекоа од најголемата воена операција во кампот Џенин.