Трибина на ВМРО - ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Јавното здравство има лоша организација

09.07.2023 17:15

ВМРО - ДПМНЕ организираше партиска трибина за состојбите во здравството. Докторот Игор Николов рече дека Владата направила стратешка грешка со тоа што не ја продолжила изградбата на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а со арбитражниот процес се бара надомест на штета од 18 милиони евра. И опозиционерите сметаат дека во здравството има лоша организација и се потребни коренити промени …

Власта направи стратешка грешка со одлуката да не ја продолжи изградбата на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, соочени сме со арбитражен процес во кој од Македонија се побаруваат 18 милиони евра, рече доктор Игор Николов на партиската трибина за состојбите во здравството, организирана од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму рекоа и дека освен проблемите со здравствената инфраструктура, се доцни и со позитивната листа на лекови на која и е поминат рокот.

И додека министерот Меџити вели дека се при крај со Комисијата за ажурирање на позитивната листа, опозицијата критикува и дека во јавното здравство има лоша организација, за разлика од приватното каде пациентот добива брза и ефикасна услуга.

Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека се потребни корените промени за да се запре иселувањето на младите лекари.

 

Марија Котовска