мвр
Претрес во Велес, приведен дилер на дрога
09.07.2023 17:54
При претрес во домот во којшто престојувал, извршен по претходно добиена наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, дигитална вага и пари...

Вчера во 14.10 часот во Велес, полициски службеници го лишиле од слобода Б.А.(22) од Велес. При претрес во домот во којшто престојувал, извршен по претходно добиена наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, дигитална вага и пари.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.
