ССМ

ССМ со поддршка за работниците од „Комунална хигиена“

09.07.2023 18:06

Оттаму испратија осуда за заканите и навредите, кои кон работниците ги упатила директорката Николиќ-Мазнева, како и за одлуката на раководството да не им ги продолжи договорите на групата вработени, меѓу кои е и претседателот на Синдикатот, Дели Дардишта...

Сојузот на синдикатите на Македонија застана во одбрана на работниците од „Комунална хигиена“. Оттаму испратија осуда за заканите и навредите, кои кон работниците ги упатила директорката Николиќ-Мазнева, како и за одлуката на раководството да не им ги продолжи договорите на групата вработени, меѓу кои е и претседателот на Синдикатот, Дели Дардишта.

„Тој е избркан од работа само поради синдикалната борба којашто ја води за работниците“-велат од ССМ. Синдикатот најави дека ќе ги искористи сите механизми што му стојат на располагање, притоа давајќи поддршка за барањата за повисоки плати, К-15 и бенефициран стаж.