КОСОВО

Лавина реакции за изјавата на косовската министерка Гервала која ја нарече ЕУ „хартиен тигар“

09.07.2023 18:20

Опозициските партии во Косово велат дека изјавата претставува неодговорност, измешана со мегаломанија и незнаење...

Не стивнуваат реакциите откако министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала, на форумот во Дубровник рече дека ЕУ без САД и НАТО е „хартиен тигар“ на безбедносен план. Опозициските партии во Косово велат дека изјавата претставува неодговорност, измешана со мегаломанија и незнаење.

Реагираше и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Ескобар, кој смета оти сè што позитивно се случува на Балканот е комбинација од соработката на ЕУ и САД.