Грузија

Во Тбилиси демонстранти ја прекинаа Парадата на гордоста

09.07.2023 19:36

Толпата палела знамиња со виножито и напаѓала полицајци...

Илјадници демонстранти, со грузиски знамиња и верски симболи, поддржани од православни свештеници упаднаа на Парадата на гордоста во Тбилиси. Толпата палела знамиња со виножито и напаѓала полицајци.

Парадата е откажана, бидејќи учесниците морале да се евакуираат. Организаторите ја критикуваа полицијата дека не успеала навреме да ја спречи агресивната група.