Албанија

Трагедија во Албанија, се удави татко и неговите два малолетни сина

09.07.2023 19:19

Несреќата се случила во попладневните часови кога силните струи и брановите го одвлекле едното дете, по што таткото и другиот син се обиделе да стигнат до него, но безуспешно...

50-годишен маж и неговите два малолетни сина се удавија во Јадранско море на плажата Виле-Баштове кај албанскиот град Кавај.

Несреќата се случила во попладневните часови кога силните струи и брановите го одвлекле едното дете, по што таткото и другиот син се обиделе да стигнат до него, но безуспешно.