Собрание

Седница на собраниската комисија за финансирање и буџет

10.07.2023 08:57

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред се годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2022 година и неколку предлог-одлуки...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред се годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2022 година и неколку предлог-одлуки.

Членовите на Комисијата треба да расправаат по Предлог-одлуката за давање согласност на Годишната програма за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2023 година, Предлог-одлуката за давање согласност на Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2023 година, како и по Предлог-одлуката за давање согласност на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2023 година.