Повеќе скопски општини со помош од други градови го чистат сметот на нивните територии
Скопје сè уште се гуши во смет иако синоќа 5 камиони од Комунална хигиена почнале да го собираат. И градоначалниците се екипираат со помош од други градови да го соберат сметот, но рампата на Дрисла беше спуштена, па ѓубрето заврши пред депонијата. Скопскиот кризен штаб ставен во функција...

Синдикатот во комунална хигиена на протест. Вработените бараат средба со директорката Мазнева, но и враќање на отпуштените вработени. Со асистенција на полицијата доцна синоќа возилата на претпријатието излегоа на терен да го расчистат сметот. Вработените не се согласуваат со тврдењата на раководството дека се мафијаши и дека работат за туѓи интереси.
Градоначалниците на скопските општини на терен. Некои со свои ресурси, некои со позајмена механизација ги чистеа контејнерите, но, се пожалија на опструкции од раководството на депонијата Дрисла. Како што рекоа, на нивна одговорност првите луѓе на Аеродром и на Кисела вода, собраниот смет го истурија пред влезот на Дрисла.
Градоначалничката на Скопје вели дека Јавното претпријатие-Комунална хигиена функционира нормално. По состанокот на кризниот штаб, надлежните на терен.
Арсовска категорична-нема да се дозволи хаос и беззаконие во градот.
Александра Спировска
