СДСМ: Неспособните градоначалници на ДПМНЕ во Скопје се соучесници во хаосот со ѓубрето
Неспособните градоначалници на ДПМНЕ во Скопје, со својата неработа и негрижа за потребите на граѓаните се директни соучесници во хаосот со ѓубрето и во нефункционирањето на локалните претпријатија, велат од партијата.

Неспособната локална власт на ДПМНЕ во Скопје создаде досега невиден хаос, градот се дави во ѓубре. Одговорноста за хаосот е кај Мицкоски и кадрите на ДПМНЕ во Скопје, реагираат од СДСМ.
Неспособните градоначалници на ДПМНЕ во Скопје, со својата неработа и негрижа за потребите на граѓаните се директни соучесници во хаосот со ѓубрето и во нефункционирањето на локалните претпријатија, велат од партијата.
Истите оние кои ја поддржуваа Арсовска во кампањата, кои заедно со Мицкоски бараа глас од скопјани за неа и за ДПМНЕ, заедно ги создадоа проблемите во Скопје. Секогаш кога ќе добие глас од граѓаните ДПМНЕ се случува хаос и уназадување.
Наместо модерно Скопје граѓаните добија загаден град во кој не функционира ниту јавен превоз, ниту што било друго. Неработа, неспособност и раце во медот, тоа се одликите на градоначалниците на ДПМНЕ и на Мицкоски, стои во соопштението од СДСМ.
