Синдикатите и Владата денеска повторно на средба во обид да се најде прифатливо решение за платите
Синдикатите и Владата денеска повторно ќе се сретнат во обид да најдат заедничко прифатливо решение за зголемувањето на платите и за методологијата за раст на платите во јавниот сектор...

Синдикатите и Владата денеска повторно ќе се сретнат во обид да најдат заедничко прифатливо решение за зголемувањето на платите и за методологијата за раст на платите во јавниот сектор. Оптимизам има кај двете страни по последната средба што се одржа во Министерството за финансии.
Министерот Бесими посочи дека според климата и интензитетот на разговори блиску се до постигнување договор. Тој посочи дека е прифатливо коефициентот да се воведе како нов модел и дека неговото врзување со просечната бруто-плата, доколку се согласат со синдикатите, би се реализирано од март 2025 година.
Оптимизам има и кај синдикатите, очекуваат двоцифрено зголемување на платите од септември и исплата на регрес за годишен одмор, а од март 2025 година да почне новата методологија за раст на платите.
