Украина

Лавров со турскиот колега за „деструктивноста“ на Анкара во однос на ситуацијата околу Украина

10.07.2023 09:57

Шефот на руската дипломатија Лавров во разговорот со турскиот колега Фидан ја истакнал „деструктивноста“ на последните потези на Анкара со испорака на оружје за Украина и ослободувањето на командантите од „Азов“...

Шефот на руската дипломатија Лавров во разговорот со турскиот колега Фидан ја истакнал „деструктивноста“ на последните потези на Анкара со испорака на оружје за Украина и ослободувањето на командантите од „Азов“.

Соговорниците размениле мислење за регионалната агенда со акцент на неодамнешните случувања во однос на Украина вклучително и враќањето на командантите од Истанбул во Киев, соопшти руското МНР.

На фронтот, украинските сили напредуваат на југ, вели претседателот Зеленски.