Германија

Австралија и испорачува на Германија повеќе од 100 борбени транспортери

10.07.2023 10:00

Австралија ќе потпише начелен договор за снабдување на германската војска со повеќе од 100 оклопни транспортери Боксер од австралиско производство...

Австралија ќе потпише начелен договор за снабдување на германската војска со повеќе од 100 оклопни транспортери Боксер од австралиско производство, изјави австралискиот премиер Ентони Албанезе во Берлин.

Договорот со Австралија за извоз на германска воена технологија назад во Германија ќе биде потпишан ви Берлин. Австралија е поканета на самитот на НАТО како партнер на Индо-пацифичката четворка, заедно со Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд.