Одбојка, квалификации за ЕП, турнир во Полска

Македонија поразена и од Летонија

19.05.2014 09:51

Македонската одбојкарска репрезентација го доживеа и третиот пораз во третиот натпревар викендов на евроквалификацискиот турнир којшто се одржува во полскиот град Вроцлав.

Загуби од селекцијата на Летонија со 3-1 во последниот меч од оваа прва половина на цикусот. Во првиот сет нашиот национален тим освои 17 поени, во вториот два повеќе – 19, по што го освои третиот сет со 26-24. Сепак, резултатски тоа беше се од Македонија, бидејќи четвртиот, се покажа и последен сет, им припадна на Летонците со 28-26 за конечни 3-1.

Претходно, во петокот избраниците на селекторот Жарко Ристоски тесно загубија од Словенија со 3-2, а вчера беа убедливо поразени со 3-0 во сетови од главниот фаворит, селекцијата на Полска. Наредниот викенд на нашите одбојкари им претстои вториот квалификациски турнир во словенија, во којшто ќе влезат од последното место на табелата во групата „А“. Со максимални три победи, најдобри се Полјаците, коишто денеска беа подобри од Словенија со 3-1 во сетови.