Њујорк

Во округот Рокленд прогласена вонредна состојба

10.07.2023 10:00

Во округот Рокленд, во Њујорк прогласена вонредна состојба поради поплави предизвикани од бура и изобилни дождови...

Во округот Рокленд, во Њујорк прогласена вонредна состојба поради поплави предизвикани од бура и изобилни дождови. Десетици луѓе се евакуирани.

„Во оваа област ова е првпат водата да навлезе толку многу во објектите. Синагогата е веднаш до брегот на реката и таа се излеа и дојде веднаш до прозорците“, претставник на синагога.

Во меѓувреме, во Конектикат, над 20 луѓе се заробени во своите домови бидејќи неколку патишта беа принудени да се затворат. Лизгање на земјиште принуди евакуација на 12 домови од кои неколку се целосно уништени во округ во Лос Анџелес.