МВР

Приведен криумчар од Србија, во неговото возило пронајдени 10 мигранти

10.07.2023 10:23

Во атар на с. Прдејци од полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за гранични работи „Југ“, е лишен од слобода Л.Д.(29) од Р. Србија.

Вчера околу 12.30 часот во атар на с. Прдејци од полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за гранични работи „Југ“,  е лишен од слобода Л.Д.(29) од Р. Србија. Тој бил затекнат како на регионалниот пат Негорци – Прдејци во патничко моторно возило „Ауди А6“ со српски национални ознаки превезувал 10 лица мигранти од Сирија.

Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Гевгелија. За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.