Скопје

Дел од Визбегово без вода

10.07.2023 11:29

Од Јавното претпријатие Водовод и канализација Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:45 часот до завршување со санација на дефектот...

Поради уличен дефект на Јадранска Магистрала бб, во близина на Комодита, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Индустриска зона Визбегово, вклучително центарот за дијализа Диаверум.

Од Јавното претпријатие Водовод и канализација Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:45 часот до завршување со санација на дефектот.