Критична состојба: Евакуирани 26.000 лица
Најкритично минатата ноќ било кај термоелектраната Никола Тесла, каде цела вечер се поставувале насипи...

Се намалува водостојот на реките во Југоисточна Европа, но состојбата е сеуште критична. Во очекување нов бран, во Белград насипите се зајакнуваат со вреќи. Од најалармантите места се евакуаирани речиси 26 илјади луќе, осум илјади само од Обреновац.
Од српското МВР наведуваат деканиету еден објект од термо електраните Костолац и Те-Ко не е поплавен, а производството засега се одвива непречено. Покрај Обреновац, најтешка е ситуацијата во Крупањ, Сремска Рача и Јемен.
Во прифатните ценитри има над 9.000 лица, но дел од евакуираните се сместиле и кај своите роднини. Евакуацијата и доставата на храна и вода во овој регион и понатаму е во тек.
Најкритично минатата ноќ било кај термоелектраната Никола Тесла, каде цела вечер се поставувале насипи.
Српските медиуми пишуваат дека Белград подготвено го чека новиот бран поплави. Насипи се поставени на повеќе критични места. На територијата на Србија без струја се над 26.000 домаќинства, а поплавени се 2.260 објекти, загрозени се 1.763, соопшуваат од српското МВР.
Спасувачки тимови од 17 земји се ангажирани за помош на поплавените подрачја, изјави синоќа за Танјуг заменик-началникот на Секторот за вонредни ситуации на српското МВР, Иван Барас.
„Во Србија во моментот работат спасувачките тимови со пумпи со голем капацитет или со чамци од Русија, Бугарија, Словенија, Германија, Австрија, Унгарија, Чешка, Македонија, Црна Гора…“, наведе Барас.
Од Русија по големата помош со 76 спасувачи од руското Министерство за вонредни ситуации, кои во Обреновац се веќе три дена и без прекин работат на евакуација на загрозените, на нишкиот и белградскиот аеродом вчера слетаа уште два авиони со хуманитарна помош и техничка опрема, а за денеска е најавен уште еден авион.
На Србија вчера и помогнаа и хеликоптери од Германија, Швајцарија, Белорусија, Македонија и еден контингент на Еулекс, додаде Барас.
Според првичните информации на властите во Србија, досега загинале 16 лица. Во Босна и Херцеговина, животот го загубиле најмалку 27 лица. Во Хрватска засега е пронајдена една жртва. Се очекува пораст на бројот на жртвите.
Само во севернобосанскиот град Добој спасувачките екипи пронајдоа 20 тела.
