Северна Кореја
Пјонгјанг го осуди пристигнувањето на американската подморница
10.07.2023 12:25
Пјонгјанг остро го осуди потегот на САД да испратат подморница на атомски погон, опремена со балистички ракети, во водите во близина на Корејскиот Полуостров...

Пјонгјанг остро го осуди потегот на САД да испратат подморница на атомски погон, опремена со балистички ракети, во водите во близина на Корејскиот Полуостров.
Според севернокорејското Министерството за одбрана овој чекор може да ја предизвика најлошата криза на еден нуклеарен конфликт.
Поради зголемените тензии со Северна Кореја, американскиот и јужнокорејскиот претседател на нивната средба во април во Вашингтон договорија зајакнување на воената соработка меѓу кои и стационирање на стратешки американски оружени системи.
