Косово
Гервала одговори на критиките: Јас не сум портпарол на ЕУ, туку министер во косовската влада
10.07.2023 12:26
Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала, одговори на критиките што следеа по нејзината изјава дека ЕУ без САД и НАТО е „хартиен тигар“ на безбедносен план...

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала, одговори на критиките што следеа по нејзината изјава дека ЕУ без САД и НАТО е „хартиен тигар“ на безбедносен план.
Рече оти таа не е портпаролка на Европската унија, туку дека фанатично ја брани вистината и интересите на Косово. На социјалните мрежи праша што не е точно од она што таа го кажа.
Опозициските партии во Косово претходно изјавија дека говорот на Гервала е неодговорен и измешан со мегаломанија и незнаење.
