Предупредувачки протест на жителите на Богданци за пристап до своите имоти
Новото сообраќајно решение на обиколницата кај Богданци го затвора пристапот до нивите и неколку фирми. Жителите бараат решение од Државни патишта и Министерството за транспорт и врски. Од Општината информираа дека се прават напори да се реши проблемот …

Сопственици на имот покрај обиколницата во Богданци денеска се собраа на предупредувачки протест барајќи да се најде решение со одводниот канал долж патот. Изградбата ќе го затвори пристапот до нивите и стопанските објекти велат жителите на Богданци.
Од Општина Богданци соопштија дека веќе воспоставиле контакт со ЈП „Држани патишта“ и Министерството за транспорт и врски за да се најде решение на проблемот бидејќи станува збор за најмалку 100 граѓани.
Реконструкцијата на обиколницата чини околу 2.1 милион евра. Ја работат две фирми чии градежни екипи ги финализираат активностите на терен.
Ване Трајков
