Демир Хисар

Шестата демирхисарска летна школа годинава во духот на историјата на уметноста

10.07.2023 15:12

Шестата демирхисарска летна школа годинава работи во духот на одбележувањето на значајни јубилеи од аспект на историјата на уметноста. Како една од поважните придобивки е систематското бележење на ракописите од дневните богослужби. Годинешнава школа е поделена на претпладневно истражување и попладневни стручни собири...

Со веќе воспоставениот концепт но и тематско проширување на некои секции тече шестата демирхисарска летна школа. Таа годинава покрај истражувачки активности има и стручни дискусии кој се насочени кон одбележување на значајни јубилеи од аспект на историјата на уметноста.

Како нови придобивки на школата се деталното архитектонско снимање и проучувањето на сите фази на фрескоживописот и иконописот. Посебен акцент се става на систематското дигитално бележење на записите од богослужбите.

„Тука е и синаксарот на слепчанскиот манастир. Ако посветеноста на сестринството ќе значи постепено возобнување на старата слепчанска школа, истражувачката дејност преку трите досега меѓународни симпозиуми и публикациите треба да бидат алатки во докажувањето на нашето битие“, изјави проф. д-р Саша Цветковски, научен раководител на школата.

Инаку по традиција летната школа започна на „Иванден“ а ќе се затвори на „Петровден“.

 

Стевче Митревски