Општи препораки за заштита од топлото време
Потребно е внесување големо количество течност, најдобро обична вода за пиење. Да се одбегнуваат алкохолни пијалаци и пијалаци кои содржат кофеин...

Високите температури влијаат негативно на здравјето на луѓето, ја влошуваат состојбата кај лицата кои страдаат од кардиоваскуларни болести, респираторни болести. Можат да се јават и акутни ефекти како резултат на изложеност на високи температури, како што се сончаница, топлотен удар, топлотни грчеви, функционални нарушувања на централниот нервен систем и други.
Потребно е внесување големо количество течност, најдобро обична вода за пиење. Да се одбегнуваат алкохолни пијалаци и пијалаци кои содржат кофеин.
За време на најтоплиот период во денот (од 10 до 17 ч.) треба да се избегнува напорна физичка активност, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности.
Носете светла и лесна облека, бидејќи светлите бои ја рефлектираат светлината, а при директна изложеност на сонце, потребно е да се носат заштитни очила и капа.
Задолжително да се мијат земјоделско-градинарските производи поради зголемена можност од појава на труења со храна и цревни заразни заболувања. Да се избегнува мрсна и високо – калорична храна, како и храна која содржи поголемо количество шеќер.
Потребно е внесување големо количество течност, најдобро обична вода за пиење. Да се одбегнуваат алкохолни пијалаци и пијалаци кои содржат кофеин.
