Заштита на косата во летниот период
Препарати со UV заштита ќе спречат избелување и сушење на косата, а темна коса ја заштитувате од појава на црвенпигмент. Со лак или балсам ставете содржина на УВ заштита, но сепак, тие се применуваат на влажна коса, во спротивно нема да се апсорбира...

Сонцето ја суши косата и во голема мера допринесува до тоа да делува безживотно, ако не е соодветно заштитена.
Како што телото треба да се заштити со крем додека сте на сонце,тоа треба да го направите и за заштита на косата од УВ зраци.
Поради сонцето и морската вода, косата се оштетува и се исуши а бојата згаснува, додека пак врвовите се скршени.
Морската вода и хлорот од базенот може многу да ја оштетат косата доколку ги оставите врз неа. Затоа после секое капење во море или базен да ја исплакнете косата со вода, со цел да ги отстраните солта и хлорот.
Користете хидратантен шампон и балсам, кој интензивно ја хранат косата и не содржат парабен, сулфати, натриум и хлор.
Препарати со UV заштита ќе спречат избелување и сушење на косата, а темна коса ја заштитувате од појава на црвенпигмент. Со лак или балсам ставете содржина на УВ заштита, но сепак, тие се применуваат на влажна коса, во спротивно нема да се апсорбира.
Барем во периодот додека сте на одмор, избегнувајте да ја сушите косата со фен или пак да ја исправувате со преса. Оставете ја косата да се исуши природно.
Пред да одите на одмор никако не ја подложувајте косата на хемиски третмани затоа што сонцето додатно ќе ја исуши а и ќе ја промени за нијанса бојата која сте ја постигнале. Доколку се фарбате или шатирајте, направете го тоа по враќањето од одморите и тоа не веднаш туку почекајте барем 10 дена. На тој начин ќе го избегнете преголемото сушење и стрес за косата.
Катерина Стојановска Десковска