Република Српска
28 години од геноцидот во Сребреница
11.07.2023 09:55
Пред 28 години, на 11-ти јули 1995 година, единиците на армијата на Република Српска предводени од генералот Младиќ извршија геноцид врз бошњачкото население во регионот на Сребреница, кој беше зона под заштита на Обединетите нации...

Пред 28 години, на 11-ти јули 1995 година, единиците на армијата на Република Српска предводени од генералот Младиќ извршија геноцид врз бошњачкото население во регионот на Сребреница, кој беше зона под заштита на Обединетите нации.
Убиени биле околу 8.000 луѓе, главно мажи и момчиња од исламска вероисповед. Геноцидот е потврден со бројни судски пресуди, од Меѓународниот суд на правдата во Хаг, преку Хашкиот трибунал, до судовите во Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска.
