Вода, детска храна, пелени, ќебиња - дел од помошта за Србија од Кисела Вода

19.05.2014 10:53

Помошта која ја донираа жителите и компаниите од оваа општина синоќа натоварена во камион шлепер ја упатија кон собирниот пункт на Црвениот крст во Момин Поток...

Општина Кисела Вода во рамки на хуманитарната акција „Да подадеме рака“ обезбеди 450 пакети со вода, 100-ина пакети детска храна, пелени и конзервирана храна 50-ина ќебиња и јоргани, 150 пакети за лична хигиена, многу облека, обувки...
 
Помошта која ја донираа жителите и компаниите од оваа општина синоќа натоварена во камион шлепер ја упатија кон собирниот пункт на Црвениот крст во Момин Поток од каде ќе се упати кон поплавените подрачја во Србија и БиХ.
 
Хуманитарната акција се одржа вчера во општинската сала и во сите 15 месни заедници.