Пожар

Пожарот во подрумските простории во Основниот суд во Куманово е локализиран

11.07.2023 10:03

Пожарот кој избувнал синоќа околу два часот во судот во Куманово е локализиран, опожарен е подрумскиот дел каде што се чувала архивата, екипа од пожарникарите сè уште се на терен...

Пожарот во судот во Куманово е локализиран. Избувнал ноќеска околу два часот и ги зафатил подрумските простории, во кои според надлежните се наоѓа дел од архивата предмети од минатото.

Се расчистува, но пожарникарите сè уште се на терен. Од ЦУК ги потврдија информации. Се врши увид, во зградата се наоѓа и Основното јавно обвинителство.