Комисија за европски прашања

Амбасадорот на Шпанија Лозано Гарсија во Собранието ќе ги презентира приоритетите на шпанското претседателство

11.07.2023 10:27

Амбасадорот на Шпанија Хозе Луис Лозано Гарсија, пред Комисијата за европски прашања и пред Националниот совет за европски прашања ќе ги презентира програмата и приоритетите за работата...

Амбасадорот на Шпанија Хозе Луис Лозано Гарсија, пред Комисијата за европски прашања и пред Националниот совет за европски прашања ќе ги презентира програмата и приоритетите за работата на шпанското претседателство со Советот на Европската унија за втората половина од годинава.

Меѓу нив, обезбедување на стратешка автономија, напредок во спроведувањето на зелената транзиција и заштита на животната средина, промоција на поголема социјална и економска правда и зајакнување на европското единство.